Оливер Млакар нè знае по зеленчук

Легендарниот ТВ и радиски водител Оливер Млакар кој денеска е во Скопје по повод конференцијата „Food talk“, во краток разговор за МИА вели дека, од аспект на храната, превкусниот зеленчук и домашната салата му се првите асоцијации за Македонија. Пие лесни, најчесто истарски вина, а македонските, како што нагласува, не ги познава добро.

308977-oliver-mlakar-utre-vo-skopje-na-fud-tok-2015

Постарите генерации Ве паметат по култната „Квискотека“, но и по емисијата „Мали тајни на големите мајстори на кујната“. Колку се денес работите сменети во однос на ваквите емисии? Каква е публиката, има ли интерес за квалитет со оглед дека обидот да се „врати“ „Квискотека“ не беше толку успешен?

Сега на квизовите се поставуват прашања од типот „Која река тече под Савски мост?“. – Браво, Ви честитам, добивте 1.000 евра“, е одговорот на водителот. Карикирам, но во суштина е така и тоа кажува се.

По колку време доаѓате во Македонија и како се чувствувате тука?

Доаѓам по речиси десет години кога работев на некои помали шоуа за готвење, а кои, вероајтно, не беа многу гледани. Но, претходно сум бил повеќе пати во Скопје. Тешко ми е да направам конкретна споредба на „тогаш“ и „сега“. Пристигнав доцна синоќа и не успеав да видам многу. Сепак, додека ме возеа накај хотел, успеав да забележам дека Скопје наликува на велеград, на светски град. Центарот изгледа прекрасно, има големи нови згради и преубаво е осветлен.

Во однос на луѓето, гледам дека не ме заборавиле и поради тоа се чувствувам многу пријатно. Исклучително се љубезни и ме поздравуваат со огромна симпатија.

Кога сте во Македонија, што Ви е прва асоцијација од аспект на храната?

Најпрво на памет ми паѓа добриот зеленчук, а потоа и одличната македонска салата со пипер, домат, сирење, кромид,… Македонското вино не можам да кажам дека го познавам. Во принцип и не пијам многу вино. Кога пијам, тоа се истарските лесни вина. Мислам дека македонските се доста јаки.

Која е тајна на Вашата добра линија? Генетска предиспозиција или внимателно одбрана, здрава храна?

Веројатно таква ми е сортата.

Со оглед дека Стево Карапанџа Ви беше долгогодишен соработник, Ви остана ли во сеќавање некој рецепт?

Тоа беше одамна. Тешко ми е да се сетам, а и не сум многу талентиран.

Мирјана Чакарова, МИА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*
*