Нафтата под 49 долари за барел

oil3

Цените на нафтата се намалија на меѓународните пазари под 49 американски долари(УСД), бидејќи засиленото американско производство ги засени сигналите дека Организацијата на земји извознички ан нафта(ОПЕК) и одделни независни производители, би можеле да го продолжат периодот на намалено снабдување.

Цената на барелот на лондонскиот пазар падна 37 центи на 48,73 УСД, додека на американскиот 30 центи на 46,92 УСД.

Одвоено, ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во петок изнесувала 46,56 УСД, што значи дека паднала 88 центи во однос на претходниот трговски ден, пренесе Макфакс.

Comments are closed.