Вредноста на биткоинот над 2.000 долари

На почетокот на годината цената на биткоинтот се движеше околу 1.000 долари, за подоцна да забележи раст.

sta-je-bitcoin

Тоа се должи на популарностра на биткоинтот, како и на „легализацијата“ во Јапонија, порастот на побарувачката во Кина поради слабоста на домашната валута, а несигурноста на берзите на валути исто така ги поттикна луѓето да купуваат биткоини, а од април неговата вредност постојано бележи раст.

Оттогаш соборени се неколку рекорди, а синоќа надминато е уште едно ниво – за еден биткоин потребни се над 2.000 американски долари, првпат во историјата на виртуелната валута.

Причина за тоа е големата побарувачка на биткоинтот во Јапонија и во Јужна Кореја, каде цената повремено се искачува и над 2.300 долари.

Comments are closed.