Се гради новиот стадион во Битола

Во тек е изградбата на новиот фудбалски стадион во Битола. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска изврши увид на градежните работи.

gruevski-1-640x363

Битолскиот градоначалник Владимир Талески информираше дека северната и јужната трибина ги гради Општината, додека тревата, осветлувањето и трибините ќе ги гради Фудбалската Федерација на Македонија. Општината издвоила 5 милиони и 430 илјади евра за северната трибина, додека ФФМ донирала 800 илјади евра плус трибините.

-Теренот е направен од ФФМ, а ќе се направат трибините зад головите, односно исток и запад и осветлувањето, вели Талески, додавајќи дека вкупниот капацитет на стадионот ќе биде некаде околу 12.000 гледачи.

Северната и јужната трибина ќе бидат со капацитет од по 4.000 гледачи, а се правени по европски стандарди, односно за меѓународни натпревари.

-Идејата на ФФМ е меѓународни натпревари да се одржуваат тука, со осветлувањето, со трибините, со тревата, да може од следната година да се одржуваат меѓународни натпревари, истакна Груевски.

Потсети дека тоа беше големо барање на битолчани.

-Ова беше големо барање на битолчани. Особено на навивачите, на онаа редовна група, вели Груевски.

Како што вели Груевски, при разговор со претседателот на ФФМ му било речено дека работата од страна на Федерацијата треба да биде готова кон крајот на годината. Според Талески, пак, изградбата на северната трибина треба да биде готова исто така, кон крајот на годината, но потоа ќе се работи на ентериерот.

Градоначалникот информираше и за реконструкцијата на Спортската сала „Младост“.

-Ја реконструираме и Спортската сала „Младост“. Таму го проширивме игралиштето и ги направиме сите димензии по стандард. Го сменивме целиот паркет, поставивме нови столчиња и семафор. Исто така, греењето го средивме со еден прекуграничен проект, имаме пелет линии. Таа комплетна ќе биде реконструирана, вели Талески, додавајќи дека во вториот дел од реконструкцијата ќе се средат соблекувалните, тоалетите, што како што вели, практично тоа ќе биде како нова спортска сала.

Ознаки: ,

Comments are closed.