ВМРО-ДПМНЕ смета дека обидот за атентат врз Тодоров не бил во афект

Обидот за атентат врз Никола Тодоров не беше афектен чин. Обидот за атентат врз Никола Тодоров беше чин кој беше поттикнуван со години, рече на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и невладините организации под контрола на Сорос измислуваа стотици лаги против Тодоров само за да ја подготват и подгреат атмосферата до момент во кој некој ќе им поверува и ќе одлучи да пролее крв. Нема земја во светот во која што не починал пациент, но тие сметаа дека со прогласувањето на Тодоров за масовен убиец ќе успеат да манипулираат со чувствата на болните, нивните блиски или оние кои загубиле некого, истакна тој.

Ваквата политика, според Јовановски, имаше за цел да предизвикаат крвави конфликти по улиците.

– Јасно е дека атентаторот не се одлучил сам да го стори убиството токму на првиот ден од доаѓањето на Зоран Заев на власт. Органите на прогонот мора да утврдат и кој му го дал пиштолот за да го стори криминалниот акт. Органите на прогонот мора да побараат одговорност од сите оние кои го поттикнуваа и помагаа атентатот и сеуште даваат поддршка на крвавите пресметки, истакнува тој.

Посочува дека молкот е неприфатлив и оти не смее да се молчи и за подметнатата бомба во семејната куќа на пратеникот Антонијо Милошоски. – Не смее да се молчи ниту за демолирањето на автомобилот на Гордана Јанкулоска. Доколку МВР наскоро не ги изведе виновниците пред лицето на правдата ќе биде повеќе од јасно кој стои зад овие крвави пресметки. Јавноста веќе гледа на каков начин антиреформската влада ќе врши дефокус наместо да се посвети на ветувањата кои ги даваше, вели Јовановски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што додава, нема да отстапи од патот по кој чекори – создавање на просперитетна и економски силна Република Македонија! Идеја и цел која е во полза на сите граѓани на нашата држава.

rekons-640x316

На видео сервисот Јутјуб се појави 3Д реконструкција од обидот за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров, кој се случи во четвртокот пред влезот на Министертвото.

Ознаки: ,

Comments are closed.