Рекорди на светските берзански пазари, глобалната економија јакне

На светските берзи цените на акциите минатата недела пораснаа, при што на Вол Стрит и некои европски пазари достигнаа рекордни нивоа, што се должи на индикаторите на јакнење на глобалното стопанство.dax_rekord_0_0_468X10000

На Вол Стрит сите три индекси – Дау Џоунс С&П и Насдак – се искачија на рекордна висина, а истото се случи и со германскиот ДАКС и британскиот ФТСЕ.

Благодарејќи на тоа МСЦИ – индексот на сите свестки берзи – достигна највисоко ниво во својата историја.

Доброто расположение на берзите се должи на знаците за засилување на светската економија, од американската до европската, додека растот на кинеското стопанство се стабилизира по подолг период на забавување.

Comments are closed.