Ќе се продава НЛБ или нејзините балкански подружници?

Извори на љубљанскиот весник Дневник велат дека проценетата вредност на акциите на словенечката банка во доминантна државна сопственост НЛБ е прениска за било кој во владата да се осмели да ја одобри продажбата.

nlb_0_0_468X10000

Според информациите на весникот, членовите на Надзорниот одбор на банката биле единствени во мислењето дека понудената цена која е засновата на препорака на финансискиот советник Дојче Банк, е прениска.

– Ако цената е прениска, нема јунак во владата кој ќе ја поддржи. Тоа би било неодговорно, се зборува во кругови блиски на владата.

Според еден извор, продажбата на НЛБ нема да се случи. Се допушта можноста да се продадат балканските подружници на банката.

– Тоа е можно бидејќи подружниците не се оптоварени од заканата од хрватски тужби, рекол изворот.

Друг соговорник на весникот пак смета дека тие планови се избрзани и дека со Брисел ќе се дојде до алтернативно решение за банката, кое би било поповолно за Словенија.

Ознаки: 

Comments are closed.