Охридска банка ја модернизира деловната мрежа

Охридска банка Сосиете женерал го продолжи модернизирањето на експозитурите почнато минатата година. По отворањето на експозитурата во населба Аеродром во Скопје со нов уникатен и неконвенционален изглед, ја модернизира и експозитурата на булевар „11 Октомври“.

4906EFDCAB7D21439B88CD0EEA303439

Во оваа експозитура, клиентите можат на едно место да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на банката, да ги извршат сите потребни трансакции и да поднесат барања за разни типови кредити, кредитни картички, депозити, мобилно и електронско банкарство, итн. На постојано располагање е и банкоматот поставен како дел од експозитурата.

– Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на Банката и нејзините капацитети да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на кој опстојува, стои во соопштението.

Банката има деловна мрежа со 28 експозитури.

Comments are closed.