Меси си купи хотел среде плажа

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси купи хотел со четири ѕвезди вреден 30 милиони евра, во близина на еден брег во Барселона.

MAIN-MAIN-Messi-Hotel

Аргентинецот го купи хотелот кој има 77 соби и панорамски поглед од секоја тераса кон морето на само неколку минути од плажата и шеталиштето, пишуваат шпанските медиуми.

Хотелот преименуван во МИМ е изграден во 2013-та година, а цената за преноќување изнесува од 250 до 300 евра.

Меси очигледно го следи примерот на Роналдо кој поседува четири хотели во вредност од 54 милиони фунти, но дали Роналдо по купувањето на овој хотел ќе полуди бидејќи тој е речиси скап колку сите негови хотели останува да видиме.

Comments are closed.