Пиреус банката ги продава подружниците на Балканот

Пиреус банката планира да ги продаде своите подружници во Албанија, Бугарија, Романија и Србија, како дел од планот за намалување на изложеноста во странство, пишуваат грчките медиуми.
SAMSUNG DIGITAL CAMERA

Планот вклучува намалување на проблематичните изложености под 20 милијарди евра до 2020 од сегашните 33,3 милијарди и намалување на проблематичните кредити од 23 милијарди на 8 милијарди.

– До крајот на 2020 се очекува вкупната актива на групата да биде намалена на 70 милијарди евра, соопшти банката претставувајќи ја својата стратегија.

Подружницата на банката во Србија на крајот на 2016 располагала со актива од 52,2 милијарди динари има пазарен удел од 1,6%.

Comments are closed.