КХВ даде согласност за именување на неколку директори

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на денешната 115-та седница даде согласност за именување на неколку директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

khv11

Согласно одлуката, Лазе Камчев и Марјан Николовски и во наредните шест години да бидат извршни директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови „КД Фондови” АД Скопје.

Одлучено е Коста Костадиновски да продолжи да ја врши функцијата главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопје, а Јован Дојчиновски извршен директор на истото друштво. И двајцата се со мандат од две години.

Јосиф Костадиновски доби согласност до крајот на 2017 година да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на „ТТК” Банка АД Скопје.

Исто така, КХВ издаде едно уверение за инвестициско советување, а обнови и една лиценца за работење на инвестициски советник.

Comments are closed.