Саем за вработување во Струмица

Триесет компании ги претставија своите понуди на пазарот на трудот, како и условите кои ги нудат за работа, обука или пракса на Саемот за вработување во Струмица што денеска го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија.

333691-saem-za-vrabotuvanje-vo-skopje-80-kompanii-nudat-rabota

– Од претходните искуства може да кажам дека токму саемското претставување донесе повеќе пополнети работни места и договори за вработување. Очекуваме дека и денешниот саем ќе го има истиот ефект. Генерален заклучок е помало присуство на невработените лица иако беа информирани со смс-порака за саемот, рече Павлина Ѓоргиева, директор на Агенцијата за вработување, Струмица.

Ова, додаде, е одлична можност компаниите да ја претстават својата понуда, а барателите да се обидат да дојдат до вработување, како и да се види кои се најбарани позиции во југоисточниот регион.

Саемот за отворен го прогласи, директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

– Компаниите и барателите на работа преку директна комуникација може заеднички да го најдат она што им треба. Посакувам ова да биде успешно саемско претставување и овие форми за намалување на невработеноста да продолжат и во иднина, рече Поповски.

Струмица е еден од шесте градови опфатени со третиот циклус саеми за вработување што треба да заврши во Скопје.

Ознаки: 

Comments are closed.