Катар Ервејс повторно избрана за најдобра авиокомпанија во светот

„Qatar Airways“ повторно беше прогласена за најдобра компанија во светот, станува јасно од годишното истражување на „Skytrax“ за 2017-та година.

vlootc-live

Авиопревозникот е наградуван веќе четврта година, откако претходно беше на врвот во 2011-та, 2012-та и 2015-та година.

„Qatar Airways“ ја врати круната, откако во текот на изминатата година остана на второто место, а пред неа беше „Emirates“.

Успехот на компанијата е уште поголем, откако таа доби награди за најдобра бизнис класа, најдобра авиокомпанија во Блискиот Исток и најдобар ексклузивен салон.

Во топ 10 на најдобрите авиокомпании во светот се најдоа уште „Singapore Airlines“, „ANA All Nippon Airways“, „Emirates“, „Cathay Pacific“, „EVA Air“, „Lufthansa“, „Etihad Airways“, „Hainan Airlines“ и „Garuda Indonesia“.

Останатите победници се „AirAsia“ и „Etihad“ објавени соодветно за најдобра нискотарифна компанија и најдобра прва класа.

Вкупно 19.87 милиони патници од 105 земји учествуваа во анкетата на „Skytrax“ за одредувањето на најдобрите авиокомпании во светот.

Comments are closed.