Вечерва започнува Прилепскиот Пивофест

Под мотото „ЕДНОСТАВНО НАЈДОБРИ“, вечерва започнува 15-от по ред ПИВО ФЕСТ.

2marijana-640x450

Организаторите на денешната прес-конференција во Прилеп изјавија дека се е подготвено, и очекуваат уште поголема посетеност и од лани.

Водител на Пиво фест 2017, исто како и лани ќе биде атрактивната Маријана Станојковска.

Како и до сега, така и оваа година, ќе настапат мега-популарни имиња. Вечерта ќе ја отворат „Ај кју“, а веднаш по нив ќе настапат „Психомодо поп“.

Фронтменот на оваа хрватска група, Давор Гобац, најави дека со гордост повторно по 10 години доаѓа во Прилеп и очекува одлична забава.

-Македонците секогаш имале добар слух, така што и вечерва ќе биде одлично, изјави тој.

За крај на вечерта, бројната публика, која се очекува да дојде, ќе има можност да ги слушне и види „Амадеус бенд“ од Србија.

Градоначалникот на општината Марјан Ристески рече дека градот под Марковите кули е комплетно подготвен.

-Капациетите се преполни, градот е преполн. Скарата која секогаш оди во комбинација со ладно пиво и многу добра музика, почнува да се подготвува. Ќе има бомбастично отворање на најголемата забава во Македонија. Овие денови сите патишта водат кон Прилеп.

Comments are closed.