Во Катар, со авиони стигна првата пратка крави

Првата група крави стигна како помош на Катар, односно за намалување на штетите од ембаргото што на таа арапска држава и го наметнаа соседите, соопштија катарските власти.

cow-qatar

Во пратката од Будимпешта имало 165 крави од расата холштајн, што е само прв дел од предвидените 4.000 грла кои Катар ќе ги увезе по воздушен пат, до август. Кравите стигнаа во товарен авион на „Катар ервејз“. За сите 4.000 грла ќе бидат потребни најмалку 60 летови.

Стадото е сместено на фарма близу главниот град Доха, а кравите беа дочекани со голем интерес од медиумите. Катарците го доживуваат сево ова како пркос кон соседите, коментираат локалните медиуми.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар и воведоа економски санкции под обвинение дека властите во оваа држава поддржуваат терористички организации. Катар ги отфрла тие наводи. с

Comments are closed.