На самитот во Трст постигнат договор за инвестиции над 500 милиони евра во Западен Балкан

Лидерите на шест балкански држави и нивни колеги од Европската унија се договорија вчера на средбата во Трст за седум нови проекти за поврзување со инвестиции од над 500 милиони евра.

Trieste-Summit-2017

Тоа се наведува во завршниот документ објавен од домаќинот, Италија, јави ДПА.

Во таа сума се 194 милиони евра грантови од ЕУ и кредити на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Според завршниот документ е ветен и грант од 11,4 милиони евра за енергетски и транспортни проекти.

Балканските држави се повикани да забрзаат напори за формирање заедничка економска и трговска зона.

Средбата на високо ниво за Западен Балкан во Трст беше со учество на претставници од шест балкански држави – БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и од Албанија.

Ознаки: 

Comments are closed.