Бугарија сака да биде транзитен центар за гас на Европа

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија разговараше со претставникот на Европската комисија, Клаус-Дитер Борхарт за проектот за изградба на европскиот центар за дистрибуција на гас „Балкан” на територија на Бугарија.

гас-2

Како што јави БТА, на средбата Борисов нагласил дека главен приоритет за Бугарија е да ја зачува својата улога на транзитен центар на гас за европските поторшувачи.

Според Борисов, изградбата на овој гасен центар е важена затоа што ќе придонесе за диверзификација на изворите и маршрутите на гас во Југоисточна Европа.

Се очекува подготовките за реализација на овој проект да завршат до крајот на годинав

Comments are closed.