Синдикатот на СГИП бара бенифициран стаж за 26 работни места во градежништвото

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) денеска побара со најавената ревизија на Правилникот за бенифициран стаж да бидат опфатени и градежните работници.

gradezhni-rabotnici-640x360

Заменик-претседателот на СГИП Иван Пешевски на прес-конференцијата во Сојузот на синдикати на Македонија рече дека ја поздравуваат иницијативата на министерката за труд и социјална политика за ревизија на Правилникот за бенифициран стаж, но оти бараат да се земе предвид нивната иницијатива за бенифициран стаж отпочната во ноември 2013 година.

– Врз основа на направената анализа констатиравме дека има работни места кои го користат правото на бенифицираниот стаж во другите сектори, а истите работни места во секторот градежништво не користат такво право. Исто така со анализата се утврдени и нови работни места кои не се опфатени во Правилникот, а се третираат со висок степен на ризик и тешки услови за работа, рече Пешевски.

Од СГИП сметаат дека 26 работни места во областа на градежништвото треба да бидат опфатени со бенифициран стаж.

– Невклучувањето на СГИП и прошуштањето на едно работно место од веќе изготвената анализа на Синдикатот за градежништгво, инсутрија и проектирање че направи голема неправда кон оваа категорија на работници, истакна Пешевски.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, моментално вкупниот број од секторот градежништво е 37.919 работници, а во индустријата на градежни материјали има околу 310 работници.

Ознаки: 

Comments are closed.