Рецесијата е веќе реалност во Македонија

recesija 2

Политичката криза и лошата економска политика на новата влада, ја турнаа Македонија во рецесија.

Република Македонија во првото тримесечје од годинава, во однос на првото тримесечје од минатата година, бележи нулта пораст на бруто-домашниот производ. Во второто тримесечје од оваа година веќе бележи пад на бруто-домашниот производ од 1.8 отсто, додека пак во третиот квартал, се очекува оваа тенденција на опаѓање да продолжи со зголемен интензитет.

GDP Annual Growth Rate

Како што може да се забележи на графиконот, Македонија во споредба со соседството, се наоѓа на поразителното последно место мерено според стапката на пораст на бруто домашниот производ. Грција како втора најлошо рангирана, во вториот квартал од годинава бележи пораст на БДП за 2,6 отсто поголем од македонскиот, додека пак Косово, во истиот период бележи пораст на БДП за 6,4 отсто поголем од оној на Македонија.

Колку за споредба, стапката на реален пораст на БДП во Македонија на годишно ниво, изнесуваше, 2,9 отсто за 2013, 3,6 отсто за 2014, 3,9 отсто за 2015, и 2,9 отсто за 2016. По подолг период, Македонија ќе ја заокружи оваа година со негативен знак на БДП.

Stapka na realen rast na bdp vo makedonija

Катастрофалната економска политика доведе и до пад на индустриското производство, пад на прометот во индустријата, пад на просечната нето плата, а странските инвестиции во слободните зони го спасуваат македонскиот извоз од колапс.

Дополнително, новата влада до сега ја задолжи државата за пола милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени или пак ќе бидат потрошени.

Ознаки: , , ,

Comments are closed.