СДСМ ја задолжува државата за нови 25 милиони евра

aukcija-1

Владата за вторник најави ново задолжување во висина од 24.6 милиони евра.  Со ова сумата за која што новата влада не задолжи за само 4 месеци се искачува на 344.6 милиони евра. Целото ова задолжување се одвива во предизборен период.

Ова е второ задолжување во текот на октомври, а до крајот на месецот е најавено уште едно задолжување, со што само за еден месец владата ќе се задолжи три пати за над 100 милиони евра.

aukcija-2

Досега владата на СДСМ успеа да стопи државни резерви од над 180 милиони евра, со што за само 4 месеци, вкупната бројка на потрошени пари се искачи за над 520 милиони евра. Пари за кои се финансиски товар на грбот на граѓаните и никој не знае каде завршуваат.

Владата со својата економска политика   ја втурна Република Македонија во рецесија.  ММФ веќе предупреди дека јавниот долг се повеќе ќе расте, а буџетскиот дефицит ќе се продлабочи.

aukcija-3

Граѓаните стравуваат дека со ваквото презадолжување и неодговорно работење за брзо Република Македонија ќе крахира и ќе прогласи банкрот.

 

Ознаки: 

Comments are closed.