Во вторник, Македонија ќе се задолжи за нови 24,4 милиони евра

Пита 2

На предлог на Министерство за финансии, Владата синоќа донесе одлука за измена на максималниот износ на задолжување преку издавање на државни хартии од вредност. Станува збор за аукција на државни хартии од вредност која ќе се одржи во вторник (17.10.2017), составена од: 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 750 милиони денари, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари и 15-годишни државни обврзници со евро клаузула во износ од 250 милиони денари, или вкупно 24,4 милиони евра.

Со новото задолжување, новата влада, за нешто повеќе од 4 месеци ќе ја задолжи Македонија за 523 милиони евра.

ХВР 2

Како што е видливо од графичкиот приказ, задолжувањата со хартии од вредност имаат загрижувачка тенденција на постојано зголемување, а со последната аукција на хартии од вредност, долгот по основ државни хартии од вредност се искачи на алармантни 241,13 милиони евра.

ММФ претходно предупреди дека јавниот долг ќе расте, а буџетскиот дефицит се продлабочува. Имајќи ја во предвид опасноста од прекумерно задолжување која може да предизвика неможност на државата да ги сервисира обврските кон доверителите, македонските власти  мора да преземат мерки за зауздување на државниот долг кој рапидно се зголемува.

Ознаки: , , ,

Comments are closed.