(ВИДЕО) „САМО ТОНИ И ДВЕ ЖЕНИ“ со најдобар најдобар сценски настап на МАКФЕСТ – поглднете

Препознатливиот бенд „Само Тони и Две Жени“ се најдоа на 32то издание на фестивалот Макфест, во градот под Исарот, Штип. Несомнено направија настап за паметење, исполнет со театарска глума на самата сцена при што беа наградени со награда за најдобар сценски настап. За сценскиот настап се погрижи Ефтим Трајчов Ѓаурски и може да се каже дека дечките стварно се потрудиле, секоја чест! Само со вакви настапи би се вратила еуфоријата и стариот сјај на фестивалот кој за жал, последните години опаѓа. Бендот „Само Тони и Две Жени“ се едни од најактивните промотери и пропагатори на македонска музика. А за крај, може го погледнеме нивниот настап на Макфест.

Comments are closed.