Во последниве неколку месеци, Македонија дневно се задолжува за речиси 1,73 милиони евра.

HVR

Само по основ на државни хартии од вредност, во последните 4 и пол месеци, државата се задолжи за речиси 241.130.000 евра, односно, секој ден, државата се задолжува за речиси 1,73 милиони евра, или, на секој час, државата се задолжува за речиси 72.000 евра, или, секоја минута, државата се задолжува за речиси 1.200 евра, или, секоја секунда, државата се задолжува за речиси 20 евра.

Економистите предупредуваат дека преголемото задолжување на домашниот пазар е штетно и може да доведе до намалување на ликвидните средства во стопанството. Зашто, од една страна, државата го зголемува јавниот долг, кој што граѓаните во иднина ќе треба да го враќаат, а од друга, задолжувањето придонесува за спласнување на инвестициските потфати во приватниот сектор.

Продавањето на државните обврзници на банкарскиот сектор ќе го намали кредитниот потенцијал на банките. Намалените финансиски средства на банките, значи помалку кредити за фирмите. Помалку кредити за фирмите, значи помалку пари за финансирање на нивните идни деловни потфати. Во ситуација кога приватниот сектор не покажува знаци на инвестициска експанзија, државата не може да смета на нови работни места.

Ознаки: , ,

Comments are closed.