Македонија на дното на продуктивност во Европа

 

lower-productivity

Индексот на глобалната конкурентност мери 12 фактори како што се: ниво на продуктивност на земјата, образование, развој на пазарите, макроекономска средина, големина на пазарот, иновативноста, здравство и слично.  Истражувањето беше спроведено годинава од страна на светскиот економкси форум.

Имено, прва на листата за најпродуктивна земја е Швајцарија. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво. Инаку Швајцарија се наоѓа на второто место по усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност. Втора на листата е САД додека Сингапур е на високото трето место, понатаму следат Холандија, Германија, Шведска, Хонгконг, Англија, Јапонија, Финска.  Во рамките на извештајот се рангираат и најиновативните земји во светот. Тие се скоро истите како во првиот извештај, Луксембург , Швајцарија, Холаднија САД и силно што укажува на фактот дека продуктивноста е тесно поврзана со иновативноста.

 

Според информациите на Еуростад еден работник во Македонија создава само 42.9% додадена вредност од просекот кој се прави на ниво на Европска Унија. Имено, Бугарија има скоро иста продуктивност 43% како Македонија, Романија има 56.3% Хрватска 73,1% Словенија 79,8%, Грција 87,1% од просекот на ниво на Европската Унија. Најпродуктивни се работниците од Луксембург со 163, 2%, Норвешка со 152,5% и Швајцарија со 122, 5%. Со овие податоци повеќе од јасно е дека македонскиот работник е најнепродуктивен споредено со соседите и регионот.

mmm

Инаку, најголем пренесувач на технологија и знаење односно know how и нови практики се странските  директни  инвестиции за кои владата на ВМРО ДПМНЕ имаше стратегија и донесе околу 2,3 милијарди евра со над 30 гринфилд инвестиции.

 

Македонија изоставува со процентот на зголемување на продуктивноста исто така со погубните мерки кои ги води новата влада на Република Македонија. Имено, во прериод од една година од како почна кризата Македонија има намалување на стапката на продуктивност. Првенствено за овој резултат е политичката криза и нестабилноста на економијата додека додатно оваа нестабилност влијае врз привлекувањето на странски инвестиции кои се круцијални за пренесување на практики,иновативност нови вештини, технологија и знаење.

 

Како што е видливо од графикот стапката на  продуктивност на трудот опаѓа скоро цела година земено од јули 2016 до јули 2017 . Во овој период Македонија беше соочена со политичка криза која додатно влијае врз компаниите  и нивната продуктивност заради различни фактори. Имено во јули имаме намалување на продуктивноста за 4.34%.

ttttt

 

Резултатот за ваквата тенденција на опаѓање е недостигот на нова технологија, на нови вештини и практики во компаниите во Македонија. Исто така државата со својата моментална политика не придонесува за зголемување на продуктивноста што во крајна линија е круцијална за зголемување на обемот на производство а со тоа и зголемување на додадената вредност што во крајна линија резултира со покачување на платите и автоматски покачување на стандардот на една држава.

Моменталните политики на новата влада се носење на популистички мерки како зголемување на минимална плата која со урамниловката ја уништува продуктивноста што е многу лошо за компаниите во било кој сектор. Политики како давање на поволни кредити,давање финансиска помош за унапредување на технологијата и примена на нови практики односно модернизација на производството се корисни на долг рок и ќе доведат до зголемување на продуктивноста и природно покачување на платите во приватиот сектор.

Со носење на закони како што коментираат експертите кои се на товар на буџетот и можат да бидат злоупотребени а се на штета и на работодавците и на работниците само ја влошува и онака лошата состојба во економијата каде имаме пад на индустриското производство од 5.3% и пад на БДП од 1.8%. Имено парите од задолжувањата треба да се применат во капитални проекти и проекти кои се исплатливи и одржливи на долг рок.

За жал такви политики до сега не се предложени ни од новата владата на Република Македонија додека земјите во регионот применуваат практики за зголемување на продуктивноста и иновативноста а со тоа зголемување и на економскиот раст.

Comments are closed.