СДСМ ги крие новите подизведувачи на мекдонските патишта од јавноста

avtopatСДСМ е позната на јавноста по нивната неработа,неодговорност и неспроведувањето на нивните проекти кои ги ветуваат секогаш пред избори . Имено сите проекти кои тие ги најавија за изминативе 4 и пол месеци ништо не се реализира. СДСМ треба да престане да се однесува како опозиција и да почне да се однесува одговорно кон граѓаните. СДСМ пред изборите вети 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта. Досега не се почнати ниту 100 метри. Очигледно СДСМ има проблем да организира за  довршување на веќе започнатите патишта, бидејќи за тоа треба работа и знаење, а не само гол популизам. Еден од поголемите проекти кој беше започнат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше почнувањето на автопатот Кичево – Охрид кои требаше граѓаните од овој дел на Македонија да ги поврзе со нашиот туристички град Охрид. Поради неодговорното однесување на СДСМ, изградбата на овој автопат е прекината. Секаде во светот при изградба на големите инфраструктурни проекти, се појавуваат одредени проблеми, но задача на одговорните ресори е да пронајдат решенија за отстранување на тие проблеми и навреме да се довршат овие проекти за кои потребно е многу време да се подготват и да се реализираат.

Јавноста сака да знае кои се новите подизведувачи на македонските патишта,но тоа прашање остана мистерија и никаде нема информации од склучените договори. Дали позади сево ова се крие некаква валкана игра на Зоран Заев? Граѓаните на Република Македонија сакаат и треба да знаат кои се новите подизведувачи на автопатите. За секој автопат и проект има анекси, со новите aнекси има и нови подизведувачи. Граѓаните сакаат да знаат кои се новите подизведувачи и што е опфатено со новите анекси.

Comments are closed.