Според извештајот на НБРМ Македонија има негативни економски индикатори

narodna-banka-860x680 (1)

Според извештајот за анализа на микроекономкисте показатели на Народна банка на Република Македонија кој излезе во септември 2017 година се кажува дека во август домашните потрошувачки цени пораснаа односно бележат зголемување за 0,4%. Ова е раст на цените на храната на енергијата  а со тоа и забрзување на стапката на базичната инфлација. Ова е видливо од графикот подолу.

lll

Додека според државниот зазвод за статистика вкупниот индекс на трошоците на животот и индексот на цените во септември има промени по одделни групи.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 2.3%, млекото за 1.5%, другите преработки од месо за 1.2%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.9%, изнутриците и јогуртот за 0.7%, јајцата за 0.6%, алкохолните пијалаци за 0.5%, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Според Државниот завод за статистика индексот на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележи пораст од 1.7%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1%.

Според извештајот на НБРМ годишната стапка на инфлација  во август изнесувала 1.9% наспроти 1.2% во јули што за повисока што има загрижувачка тенденција на зголемување.Исто така во овој извештај се анализира и Бруто домашниот производ кој во вториот квартал имаше катастрофален пад од 1.8% и не ги достигна проекциите од 2,8%. Падот на БДП се објаснува со пониска побарувачка во услови на намалување на бруто инвестициите.

kkk

Имено, според извештајот споредено со априлската проекција надолно отстапување во целост произлегува од бруто инвестициите односно заради значајно повисокиот пад од очекуваниот . Од производна страна намалување на додадената вредност има кај градежништвото а пад има и кај индустриските и кај услужните дејности. Исто така индустриското производство бележи пад од 5,3% и преработувачката индустрија од цели 8%. Рударството исто така пад од 6%.

 

Исто така овој извештај вели дека има пад на инвестициите во третиот квартал. Ова има тесна поврзаност со новите мерки кои ги донесе новата влада која води лоша економска политика. Имено инвестициите растеа со забрзано темпо со претходната влада со што се отворија нови работни места се зголемуваше и извозот а додатно имаше трансфер на технологија и знаење што ја потикнува иновативноста и продуктивноста. Новите мерки кои го донесе новата влада  експертите ги коментираат дека се одразуваат негативно кон инвеститорите и сметаат дека тоа на долг рок ќе се одрази лошо заради фактот дека веќе постоечките фабрики и привлекувањето на  новиот капитал има повеќекратен позитивен ефект.

Според податоците на овој извештај се кажува дека трговскиот дефицит се зголемил што значи дека сме имале повеќе увоз од извоз и сме извезувале помалку. Ова е тесно поврзано со намалената економска активност и со најавата на неколку компании дека ќе го селат својот капитал каде има поповолни услови. Новата влада донесе мерки кои не се пријателски настроени кон странските инвестиции и ова имаше негативен ефект  врз економијата со најавата дека некои од нив ќе го селат капталот во други држави.

Од графикот е видливо дека движењето на бруто инвестициите имало нагорни тенденции но во јули имаме катастрофален пад односно негативна тенденција на намалување.

oooo

Исто така според овој извештај има намалување на јавната потрошувачка  при забележано намалување на расходите за плати пониски расходи на стоки и услуги и трансфери на здравствена заштита.

Во јули дефицитото на надворешна трговска размена се зголеми на 31% на годишна основа при намалување на извозот.

Извозот на стоки во јули бележи намалување од 5,6% заради намалувањ на извозот во металопреработувачката индустрија, индустрија за облека и текстил, тутунската и сличн0.

Овој извештај ги мери и задолжувањата во хартии од вредност, со валутна клаузула и без валутна клаузула. Од графикот е видливо дека задолжувањата имаат тенденција на зголемување.

Според извештајот на крајот од август,состојбата на издадени хартии од вредност на домашниот оазар изнесува 83.983 милиони денари и во споредба со вториот квартал е повисока за 2.74 милиони денари. На збирна основа државните хартии од вредност се зголемени за 5.613 милиони денари.

aaaa

 

 

Според овие информации повеќе од јасно е дека скоро сите економски индикатори се во негатива и во надолна линија, пад на индустријата на рударството имаме пад во преработувачката исто така пад на БДП на инвестициите зголемување на трошоците за животот и инфацијата што влијаат врз намалување на стандардот на граѓаните. Странските инвеститори не ја гледаат Македонија како бизнис дестинација во која би инвестирале заради лошата економска  политика и негативен маркетинг од страна на новата влада. Исто така Македонија оваа година не беше рангирана на Светскиот форум за глобална конкурентност на која се рангирани сите соседни земји и кој форум ја става земјата на листата на инвеститорите. Политиките на новата влада во овие четири месеци не донесоа ни еден позитивен ефект, напротив се популистички и немаат реална основа и ефекти на долг и на краток рок. Македонската економија според овие бројки тоне а да не се спомнува и долгот од преку пола милијарда евра односно 523 милиони за само четири месеци а ефектот не е никако почувствуван од овие финансиски средства ниту се знае каде се трошат овие пари.

Прашање е како новата влада планира да ја унапредува економијата кога и има пад и на домашниот сектор и намалување на извозот заради намалена економска актвност а немаме глобална економска криза. Македонија е на прагот на економска криза кога економиите во соседството и во регионот имаат позитивни показатели.

 

 

Comments are closed.