НЛБ Банка со профит од 25 милиони евра во изминативе 10 месеци

tutunska-banka

Во периодот од 01.01.2017 година до 30.09.2017 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2017-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Работењето на Банката во текот на 2017-та година обезбедува остварување на планираните оперативни и финансиски цели и зачувување на високата ликвидност, стабилност и солвентност.

Нето добивката на Банката согласно со 30.09.2017 година изнесува 1.528.534 илјади МКД и е повисока за 32,8% во однос на истиот период од 2016 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2017 година се повисоки за 5,7% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,4%, додека расходите по камати се пониски за 24,4%.

Нето приходите од провизии се повисоки за 8,0%, при што приходите од провизии се повисоки во однос на истиот период од претходната година за 7,8% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички, повисок промет преку картичките и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки приходи од платен промет во земјата, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси и управување со трансакциски сметки. Расходите за провизии се повисоки за 7,3%, главно поради повисоки расходи за провизии за меѓубанкарско порамнување од картично работење, соодветно на зголемениот промет со картичките.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 371.390 илјади МКД и се повисоки за 56,1% во однос на истиот периодод минатата година поради ослободување на резервации за правен ризик.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.260.965 илјади МКД и се повисоки за 10,3% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.342.524 илјади МКД и се пониски за 6,3% во однос на истиот период претходната година.Трошоците за вработени сеповисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 15,4%,додека останатите расходи од дејност се пониски за 16,8% во однос на истиот период од претходната година главно поради повисока споредбена основа минатата година кога беа издвоени резервации за правен ризик кои годинава се ослободени по добиена конечна позитивна пресуда за еден предмет.

Заклучно со 30.09.2017 година, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средстваво износ од 109.311 илјади МКД, што е за 51,5%помалку споредено со истиот период од претходната година исоодветствува на структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат139.226 илјади МКД и се повисоки за 233,2%во однос на истиот период од 2016 година, поради пресметка на целосно оштетување на средствата кои се преземени пред април 2013 година, согласно Одлука на НБРМза сметководствен и регулаторен третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Извор: bankarstvo.mk

Comments are closed.