Познатата поп-пејачка Лејди Гага се сврши

gagaaa

Поп пејачката Лејди Гага се сврши, а нејзиниот избраник е 17 години повозрасниот Кристијан Карино (48), пренесува „Ју-Ес Викли”.

Според анонимни извори, веридбата била тајна и се случила летово, кога идниот сопруг на поп ѕвездата добил благослов од нејзиниот татко.

1gaga

Сепак, тие засега не планираат свадба, поради здравствените проблеми на Гага.
Имено пејачката скоро сподели со своите обожаватели, дека страда од фибромијалгија, т.е. хронични болки во мускулите. Во септември таа мораше да ја прекине концертната турнеја по последниот албум, откако беше итно примена в болница со силни болки.

 

Comments are closed.