Раул Гонзалез си заминува во ПСЖ

raul

Тренерот на европскиот првак Вардар Раул Гонзалез најверојатно на крајот од сезоната ќе го напушти македонскиот клуб и ќе се пресели во ПСЖ. Веќе неколку недели се шпекулираше дека шпанецот ќе го напушти Вардар, но овој пат и тој лично го потврди неговото заминување. Засега нема никакви вести дека тој излегува од селекторската функција на репрезентацијата.

„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор како селектор на Македонија до 2020 година што планирам максимално да го испочитувам“ – изјави Гонзалес.

Иако трансферот е потврден од сите освен од раководството на ПСЖ (што е само прашање на време), Гонзалез вака го прокоментира тоа:

„Париз е прекрасен град, но мој приоритет е ракометот. Среќен сум што од следната сезона ќе бидам  во ПСЖ, но од почит кон Вардар и кон стручниот штаб што е во моментов во ПСЖ, не би говорел премногу на оваа тема. Ќе имам можност да кажам нешто повеќе при моето доаѓање за неколку седмици“ – ја најави Гонзалес својата промоција во „градот на светлината“.

Comments are closed.