(ВИДЕО) Перо Пандилоски објави нов спот за песната “Девојка за секое време”

перо

Перо Пандилоски не престанува да ја богати македонската естрада со нови песни.

Ова е веќе 10-та негова песна, а 5-ти видео запис. Позади оваа динамична и брза песна со емотивни моменти стојат Јован Василески (музика и текст), аранжман Гоце Симоноски. Песната е снимена во студиото на Лазе Цветкоски.

Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид, Св.Наум и Маврово под продукција на PROCAM Production. Во спотот на Пандилоски се појавува и познатата манекенка Ангелина Китановска

-Конечно се појави и мојата нова песна заедно со спотот. Задоволен сум од целокупната изработка како пакет. Првпат соработувам со PROCAM и навистина извадивме интересно видео. Се надевам дека публиката ќе ја прифати песната заедно со видеото. Ова е моја 10та песна, полека но сигурно почнувам да размислувам во блиска иднидна да го склопам и моето прво CD  кое ќе биде како еден потпис на досегашното мое работење, истакна тој за КУРИР.

Comments are closed.