Одложена стечајната постапка на „Фени Индустри“

feni1

Одложена е стечајната постапка за компанијата Фени поради барање на новиот директор Рајчо Кацаров.Прекинување на постапката ја потврди и Велешкиот суд од каде објаснуваат дека се чека изјаснување на Врховниот суд.

 
Поради долговите од над 60 милиони евра спрема банките за „Фени“ се покрена стечајна постапка. „Фени Индустри“ должи на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк Роуд банка АД Скопје околу 60 милиони евра.

 
Владата на СДСМ ветуваше решавање на проблемот со металуршкиот комбинат Фени но тоа не се случи. Имено, пред локалните избори вице-премиерот Кочо Анѓушев им вети на граѓаните дека Фени нема да оди под стечај и дека превозниците ќе бидат исплатени а вработените ќе ги задржат своите работни места.

 
Договорот со бугарската фирма „Енекод “ пропадна. Имено, стечајот значи дека побарувањата ќе се надоместат минимум 50% дисконт што значи парите што ќе ги побаруваат вработените од стечајот ќе треба да прифатат discount од 50%.Истото важи и за превозниците. Со оваа постапка само банките се заштитени бидејќи имаат хипотека на целиот имот.

 
Вработените сметаат дека се оставени на цедило и сметаат дека не ја добиле помошта која им била ветена од новата влада. Исто така вработените велат дека мака мачат за да најдат дрва за огрев бидејќи Синдикатот им наплати но не им доставил огревно дрво. Вработените велат дека принудени се со септемврската плата која им беше исплатена минатиот месец да најдат начин да ја преживеат зимата.

 
Доколку Фени Индустри отиде во стечај 850 вработени ќе бидат оставени на улица

Ознаки: 

Comments are closed.