Исплата на К-15 најмалку 9.000 денари

denari-tri

Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечна бруто и нето плата по вработен исплатена во последните 3 месеци. Минатата година врз основа на овие пресметки тој износ најмалку бил 8.909 денари  односно најмалку 40% од просечната нето плата а најмногу до 13. 116 денари  најмногу до  40 % од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.

 

Фирмите кои не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат регресот да го исплатат во ноември и декември а во случај да не го направат тоа предвидени се казни.Зголемувањето на минималецот од 10.080 на 12.000 и порастот на просечната бруто плата и нето плата по вработен се двата фактора кои влијаат на тоа работниците да  добијат поголем износ за К-15 од оној лани.

 

Според податоците од Државниот завод за статистика движењето на просечната бруто и нето плата покажа дека износот за К-15 за секој вработен во Македонија би требало да се движи измеѓу 9.123 до 13.403 денари

Comments are closed.