Британската влада продава удел во“Royal Bank of Scotland” во вредност од 15 милијарди фунти

JS119642514-PA-RBS-royal-bank-of-scotland-xlarge_trans_NvBQzQNjv4BqiPqUArbw__d5qHfff4ehP_4ueWHm6JVZ6-X2zIz0nHs

Британската влада планира да продаде удел во “Royal Bank of Scotland” во вредност од околу 15 милијарди фунтиТоа е околу две третини од вкупниот удел во РБС од 71 отсто. Портпаролот на РБС вели дека банката ја поддржува оваа одлука од страна на владата. Владата планирала да изврши продажба минатата година, но тоа не се случило заради Брегзит.

Парите се повеќе од кога било потребно за кабинетот на Тереза Мај. Британскиот министер за финансии Филип Хамонд претстави претпазливи планови за јавни трошоци, додека економските прогнози за Обединетото Кралство постојано се влошуваат со подготовките за напуштање на ЕУ.

Хамонд направи неповолна оценка заради бавната британска економија и постојаниот буџетски дефицит  кои не оставаат доволно пари и простор  за зголемување на јавната потрошувачка, а барања  поставуваат образовниот сектор , противпожарни служби и војската.

 

Comments are closed.