Србија ќе извезува говедско месо во Кина

Владата на Србија на Самитот  ‘’16 +1‘’ во Будимпешта потпишала протокол со кој се овозможува извоз на говедско месо во Кина.

серб

Имено станува збор за протокол помеѓу Генералната управа за контрола на квалитет, инспекција и карантин на Народна Република Кина и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Република Србија за инспекција, карантин и ветеринарно- санитарните барања за извоз на говедско месо од Србија во Кина.

Протоколот во име на Србија го потпишал националниот координатор на механизмот за соработка “16 +1’’ Александар Антиќ.

Протоколот нуди можност за извоз на говетско месо од Србија на огромниот кинески пазар.

Сите инспекции во Кина потврдиле дека српското месо ги задоволува нивните високи стандарди.

Comments are closed.