Универзитетот Оксфорд прв пат продава 100 годишна обврзница

oxford-university

Оксфордскиот универзитет, најстариот универзитет во англофонскиот свет, планира да ја продаде својата прва обврзница со рок на доспевање  од 100 години во наредните денови.

Универзитетот, кој е основан во 1096 година, ја ангажираше американската инвестициска банка “ЈП Морган” за спроведување на аукција каде што се очекува универзитетот да собере најмалку 250 милиони фунти (331,8 милиони долари), објави Ројтерс.

Comments are closed.