Денар:Фершпед АД Скопје објави добивка од 83 милиони денари заклучно со третиот квартал

Fersped-logo

Група Фершпед АД Скопје за период Јануари-Септември 2017 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран биланс на успех и оствари добивка од 82.954 илјади денари.

Вкупните приходи на Група Фершпед АД Скопје  во периодот Јануари-Септември  2017 година изнесуваат 2.707.409 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2016 година бележат пораст од 6%.

Оперативните приходи во износ 2.699.990 илјади денари и во споредба со претходната година истиот период бележат пораст од 6%. Финансиските приходи за овој период бележат намалување во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи на Група Фершпед АД Скопје во 2017 година изнесуваат 2.596.777 илјади денари и истите бележат пораст  од 3 % во однос на вкупните расходи  во 2016 година.

Оперативните расходи во износ 2.572.136 илјади денари бележат пораст за 3% во однос на истите претходната година.

Финансиските расходи во 2017 година бележат намалување во однос на истите претходната година.

финансискиот извештај можете да го поглднете тука.

Comments are closed.