Европската централна банка смета дека банките мораат да пронајдат алернатива на биткоинот

370875-ecb-kje-prezeme-merki-za-zgolemuvanje-na-slabata-inflacija

Банките треба да ја воведат можноста за непосредни парични трансфери 24 часа на ден  колку што е можно поскоро.

Сето ова за да се намали атрактивноста на дигиталните валути, како што е биткоинот , рече висок официјален претставник на Европската централна банка.

Криптовалутите нудат можност за инстант електронски трансфер, и затоа се така атрактивни.Некои централни банки дури ја разгледуваат можноста за воведување на свои дигитални валути.Биткоин ја надмина вредноста од 11.000 долари оваа недела, а нејзината вредност од почетокот на годината е зголемена за 10 пати.

Експертите тврдат дека, сепак, комерцијалните банки мора да понудат алтернатива. “Банките треба да ја воведат можноста за инстант трансфери што е можно поскоро и да обезбедат алтернативен наратив за јавната дебата за наводните иновации предизвикани од виртуелната валута”, рече Мерш на митингот во Рим.

Само ретки трговци прифаќаат плаќање во дигитални валути, кои, сепак, предизвикуваат главоболки кај централните банки, загрозувајќи  ја нивната контрола врз банкарскиот систем и издавањето на пари.

Затоа некои од нив, како што се Банката на Англија и Шведската банка Риксбанк, ги истражуваат придобивките од евентуалното воведување на свои дигитални валути. Мерш забележува дека ЕЦБ има намера да експериментира со прашањето за парите преку дигиталните технологии.

 

 

Comments are closed.