Вработените на „Фени Индустри“ штрајкуваат и денес

39-feni-industries-600x450

Денеска беше закажан штрајк  од страна на вработените на Фени Индустри. Вработените ќе го блокираат патот Градско-Прилеп  од 11 часот. Вработените веќе подолго време штрајкуваат заради неипслатените плати.

Имено, дел од вработените велат дека штрајковите се изманипулирани и дека зад блокадите на патот има и друг интерес.

Инаку вработените, веќе направиле обид за менување на синдикалното раководство. Го известиле Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството дека сакаат да изберат нови синдикални претставници, а од таму им порачале дека треба да почекаат разврска по отворањето на стечајната постапка.

На ова преседатерлот на Синдикатот Фени Индустри Ѓоре Палитов изјави дека зад него стојат сите вработени освен неколку  и дека исклучиво ги застапува интересите на вработените.

Палитов вчера најави дека денешниот протест ќе биде помасовен и дека ќе штрајкуваат со блокирање на патот Градско – Прилеп сè до исполнување на барањата.

Comments are closed.