ЕУ планира да го укине роамингот помеѓу ЕУ и Западен Балкан

IMG_0656

Европската комесарка одговорна за дигитална политика Марија Габриел ќе го објави на самитот во Бугарија во мај следната година планот за елиминирање на роаминг меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Габриел изјави за  порталот EURACTIV.com  дека ќе претстави детален сет на мерки на состанокот за продолжување на забрана за наплата на роаминг во ЕУ во Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Правните советници на Европската комисија во моментов работат на тоа, објави порталот во Брисел.

Инаку, меѓу приоритетите на претседателството во областа на дигиталната политика е и едукација на младите и да се обезбеди дека членовите се одлучи за нацрт-законот на ЕУ за телекомуникации, сајбер безбедноста и  авторските права.

Comments are closed.