„Amazon“ воведува нов начин на купување – колку подолго го гледате огласот цената станува пониска

59b400d51700003b00f521aa

На компанијата “Амазон” и е  одобрен патент, кој радикално може да го промени начинот на кој купуваме онлајн. На кратко, ова би овозможило попуст.

Кориснички рецензии за “Амазон”, една од најважните алатки при пронаоѓање  и одлучување за купување на онлајн продавницата, во толкава мера што  компанијата на  Џеф Безос може да се натпреварува со “Google” кога пребарувањето во   e-commerce е во прашање.

Од “Амазон”,  на два милиона од нивните трговски партнери им се  испраттени покани да се приклучат на програмата, која од компанијата сакаат да ја тестираат. Целта за воведување на видео преглед, се разбира, е што е можно повеќе  задржување на  клиентите  на сајтовите на “Амазон”, наместо префрлување на YouTube или социјалните мрежи, како што се “Фејсбук”. Но, тоа не е сè.

“Амазон” доби патент за начин на намалување на цената и охрабрување да се купи врз основа на содржината.

Патентот опишува како потрошувачите во електронска средина може да им се понуди можност за примање на реклами во аудио или видео изданија или како интерактивна содржина. За возврат, тие ќе добијат производи и услуги по намалена цена или слични погодности.

Како треба всушност да фунционира  ова? На пример, “Амазон” ќе ви понуди видео реклама на страница со опис на производ, како што се коментарите на производот. Колку подолго  ја гледате рекламата, цената се намалува се повеќе.

Во зависност од тоа колку е силна патентната заштита , може да се случи да никој, освен партнерите на Амазон,  можат да понудат нешто слично на пазарот. Идејата е да им понудиме попусти на онлајн корисниците врз основа на нивното потрошено време на сајтовите, што ќе ја намали разликата помеѓу онлајн продавницата и класичната продавница велат од компанијата.

Во овој патент, “Амазон” може да се вклучат во борбата за гледачите не само на YouTube и Facebook, но и на  Instagram, Snepchet и слични платформи на кои дигиталните огласувачи ги трошат нивните буџети.

Comments are closed.