Повеќето Британци уште сакаат да се спроведе Брегзит но ја губат довербата во владата

1111877846

Британските гласачи се повеќе чувствуваат дека процесот на Брегзит е лошо воден. Сепак, ова не се однесува на промена во ставот на напуштање на ЕУ, туку  за активностите на конзервативната владата на премиерката Тереза Меј.

Во извештајот на Националниот центар за социјални истражувања во средата објави дека 52 проценти од луѓето веруваат дека Велика Британија ќе помине лошо во процесот на напуштање на Унијата.

Претходно, еден од пет Британци сметаа дека владата добро ги води преговорите. Меѓу оние кои го подржуваат Брегзит дури 61% сметале дека тереза Меј добро ги води преговорите но тоа моментално не е случај.

Овие истражувачки наоди зборуваат за чувство на спротиставеност помеѓу тоа како населението се чувствува во врска со процесот, кој почна на референдум во 2016 година и политичката реалност на кревката влада која  преживеа поделба за време на техничките преговори.

Ознаки: 

Comments are closed.