Денар:Банкарите од Копехнаген кои никогаш не грешат: Не очекува „страшен“ пад на еврото и појава на нова светска валута!

modern-saxo-bank-headquarters-architecture

Валутна криза и новитети на берзите, кинеските економски трендови и женската доминација во бизнисот. Што не очекува во 2018-та година и дали треба да стравуваме од нешто?

„Мирот има собрано енергија за неверојатен и целосен потрес во 2018-та“, сметаат во „Саксо Банк“. 15 години по ред данската инвестициска онлајн-банка ги објавува своите „шокантни предвидувања“. Таа и сега даде своја визија за десет точки кои ќе го потресат светот во годината што следи.

Кога станува за богатството, кинескиот интернет гигант – традиционалната корпорација „Тенцент холдинг“ ќе стане најголема на светот: веќе сега нејзините акции се дуплирани. Неверојатно е и нејзиното неодамнешно воведување на плаќање на месинџерот „Ви чет“, кој има милијарда корисници месечно.

Ако можеме да им верувам на данците, новата година во голема мера ќе биде „кинеска“. На пример, Кај ван Петерсен од „Саксо Банк“ со бројки докажува дека 2018-та ќе биде последна среќна година за биткоинот. А потоа следи „смрт“ и заборав. Кој ќе го згасне? Кина, каде ќе се појави државна криптовалута и ќе ги забрани другите слични дигитални валути. Покрај тоа, Кина несомнено е лидер меѓу увозниците на нафта.

Почесто ќе склучува нафтени договори исклучиво во јуани. Така се очекува да се појави новата валута – петрол јуан.

Меѓутоа, ако еден се богати, некој друг неизбежно ќе биде сиромав. Во 2018-та експертите од данската банка прогнозираат дека еврото ќе го изврши својот последен пробој напред… пред очајниот пад. И јапонскиот јен го очекува катастрофален пад, полош од тој на еврото. Сепак, јужноафриканската валута ренд ќе стане лидер меѓу валутните земји во развој и ќе им се доближи на еврото и јуанот. Во принцип, „Саксо Банк“ предлага да се радуваме поради Африка. Зимбабве ќе ја врати славата на „африканска житница“, а животот во целина ќе се подобри на „Црниот континент“.

Единствено предвидување од Копенхаген кое е добро и не вознемирува е дека машкото лице од светскиот бизнис полека, но сигурно ќе преминува во женско. Главниот економист од „Саксо Банк“, Стин Јакобсен уверува дека бројот на жени во бизнисот ќе расте геометриски.

Ознаки: 

Comments are closed.