Денар: Бугарите и Хрватите на дното според куповата моќ во ЕУ

20170514-makedoncite-megju-najusluzhnite-vo-regionot-m

Според податоците на Евростат, Бугарите и Хрватите според куповната моќ заостануваат зад повеќето членки на ЕУ.

Хрватска падна на претпоследното место според потрошувачката по жител, која сега изнесува 59 проценти од просекот на ЕУ. Според тоа, единствено Бугарија е послаба од Хрватска. Хрватска за прв пат ја претекна Романија во која потрошувачката изнесува 61 процент од европскиот просек.

Турција со растот на животниот стандард надмина веќе четири членки на Унијата и речиси сите земји на југоисточна Европа. Просечниот Турчин со потрошувачка која изнесува 64 проценти од европскиот просек има поголема куповна моќ од жителите на Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, Албанија…

Евростат податоците ги базира на потрошувачката кошница со иста стока во различни земји.

Ознаки: 

Comments are closed.