Кока- Кола планира да ги рецилклира сите свои пластични шишиња

Најпознатиот светски производител на газирани пијалаци планира да стане лидер меѓу компаниите за намалување на пластичниот отпад.Компанијата “Кока-Кола” ја постави целта за рециклирање на пластично шише или пак конзерва од секое продадено шише до 2030 година.

Имено, само 10 проценти од овој тип на отпад се рециклира, а до 2050 година може да има повеќе пластични шишиња од рибите во океаните.

Во прилог на едукација на купувачите за процесот на рециклирање, Кока-Кола планира да направи материјали што може да се рециклираат во наредните 12 години и 50 отсто од нејзиното пакување, што може понатаму да се обработува.

Ознаки: 

Comments are closed.