Експертите, јавноста сега и професорите се против ДДВ на персонални приходи

Не стивнуваат реакциите во јавноста во однос на прагот со кои физичките лица стануваат ДДВ обврзници. По програмерите, финансиските аналитичари, членовите на управни одбори реагираат и универзитетските професори. Велат не е логично да плаќаат ДДВ за нивната редовната работа на универизитетите каде за часовите додипломски студии добиваат плата , а за часавоте на магистерски мора да земат хонорар. Според професорите тие часови не се вршење на стопанска дејност туку се во склоп на матичната инситуција – универзитетот и се дел од нивните секојдневни редовни работни обврски.

Кај овој вид на интелектуална работа проблем е и тоа што ДДВ ќе се плаќа редовно но не може да се направи поврат , затоа што ресурсите кои се користат за вршење на услугата се во сопственост на самиот универзитет.

 

Владата сеуште не донела одлука дали ќе се покачи прагот со кои физичките лица стануваат ДДВ обврзници. Според актуелниот закон секој кој минатата година зарботил над еден милион денари има обврска да се регистрира како ДДВ обврзник. Со тоа за остварениот приход освен персонален данок на доход плаќа и ДДВ.

Ознаки: 

Comments are closed.