Биткоинот е на пат да го оствари својот најлош месец од декември 2013-та

Јануари станува месец кој инвеститорите во дигиталните валути би сакале што поскоро да го заборават.

Поевтинувањето кај криптовалутите продолжува, а биткоинот оди кон својот најголем месечен пад од декември 2013-та година, додека САД ги засилува регулаторните мерки спрема една од најголемите берзи за дигитални валути, а „Facebook Inc.“ забранува реклами поврзани со индустријата.

Биткоинот се намали за околу 31 отсто во овој месец и се тргуваше на околу 9.800 долари претходно денес. Конкурентни валути „рипл“, „етериум“ и „лајткоин“, исто така забележаа пад.

„Регулаторниот надзор навистина излегува сега излегува во преден план“, изјави за „Bloomberg“ Стивен Инес, шеф за Трговија за азиско-пацифичкиот регион во „Oanda“. „Не мислам дека од него видовме сè“.

Од американската Комисија за трговија со стокови фјучерси испратиле покани на берзата за дигиталните валути „Bitfinex“ и на „Tether“ – компанијата која ја емитира популарната истоимена криптовалута за која тврди дека е поврзана со доларот. Двете компании имаат ист извршен директор.

Во исто време, „Facebook“ ќе ги забрани на социјалната мрежа рекламите кои се поврзани со криптовалути, „ICO“ и бинарни опции, предупредувајќи дека тие „се често поврзани со лажни или измамни практики“.

Пазарот на криптовалути се уште се опоравува и од хакерскиот напад врз јапонската берза „Coincheck Inc.“ на 26-ти јануари при што беа украдени криптовалути во вредност од 500 милиони долари.

Comments are closed.