ФОТО: Твитерџиите се потсмеваат со Богоев и запросувањето на неговата девојка

Стефан Богоев, 28 годишниот, градоначалник на Општина Карпош, ја запроси својата девојка, Ивана Анѓеловска, предложувајќи и брак. „Со еден глас за, Ивана избра да“ – побрзал да се пофалил со потфатот најмладиот градоначалник од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил.

„Со Ивана сме заедно осум години. Имаме голема љубов, разбирање, што би се рекло, сите предуслови за брак ни беа исполнети. Но причината поради која што ја запросив осум години од почетокот на нашата врска е таа што уште многу одамна дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне власта предводена од Груевски“ – ќе изјави Богоев за Фокус, сликајќи се со идната сопруга, вереничкиот прстен и тортата во прв план.

„Да не беа Бејли и Кале, сиротиот Богоев ќе останеше вечен ерген… неженет до пензија “ – со потсмев ја коментираат поединци.

Comments are closed.