Марина Туцаковиќ никогаш не ја преболи смртта на синот: Никогаш од тоа не закрепнав!

„Мајката никогаш не може да се помири со губитокот. Таа рана и болка остануваат за цел живот“…

Славната авторка на текстови,Марина Туцаковиќ, на клиниката за онкологија во Србија, се бори за живот…

Аца Лукас кој за својата успешна кариера може да и заблагодари многу и на Марина Туцаковиќ е сигурен дека таа во битката за болеста ќе излезе како победник.

„Не знам што да ви кажам… Дај Боже да се извлече. Верувам дека ќе ја победи болеста. Мора да ја победи“, рекол пејачот на кого Марина му ги напиша најголемите хитови.

Познатата авторка на најголемите српски хитови Марина Туцаковиќ се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Србија.

Како што пишуваат српските медиуми Туцаковиќ веќе неколку недели се лекува од рак, а како што тврдат извори нејзината состојба се влошува.

Таа прима терапија и сите се надеваат дека од сето ова Марина ќе излезе како херој.

Марина е една од најпознатите автори на текстови која пишува песни за најголемите српски ѕвезди како Цеца, Карлеуша, Аца Лукас, Здравко Чолиќ, Северина и други.

Животот на Марина Туцаковиќ го обележи трагедија. Таа во декември 2008 година го изгуби синот Милош.

Марина признала дека тоа и понатаму и е најстресниот момент кој и се случил во животот.

– Мислам дека тоа сите го знаат, кога умре син ми. Никогаш од тоа не закрепнав, но животот оди понатаму. Имам голема волја за живот, тоа ме турка напред – изјави Марина неодамна.

Инаку, Марина своите чувства за починатиот син Милош ги опишала во песната „Мишо мој“ која ја испеала Ана Николиќ.

Comments are closed.