Работничките права се кршат. Стравот од отпуштање пресуден за молк кај работниците, владата не превзема ништо

Работничките права се кршат секојдневно и никој не превзема ништо. Работникот е оставен сам на себе и нема никаква заштита. Имено, секој втор млад човек во Македонија е невработен а оние што одат на работа се во страв да пријават било какво кршење на нивните права. Според  истражувањето на Коалицијата на младински организации СЕГА  младите невработени луѓе би премолчале секаква неправда и кршење на нивните работнички права само за да го задржат своето работно место.

За што поголема заштита на младите работници, пожелно е тие да бидат дел од организираните синдикати советуваат од Конфедерацијата на слободни синдикати .  Инаку, околу 70 % од работниците и луѓето кои бараат работа сметаат дека законот за работни односи фунционира само на хартија а не во пракса и дека се кршат основните права на работникот.

Според податоците голем дел од работниците работат без договор додека на одреден процент  се случува и да не им биде даден договорот да го прочитаат пред да го потпишат. Оваа ситуација е алармантна и треба да се промени.

Владата на СДСМ на чело со Зоран Заев ветуваше дека ќе се зајакне работата на синдикатите и дека ќе бидат повеќе заштитувани работничките права но ова ветување не се спроведе во пракса.Работниците се оставени сами на себе и не ја добија ветената помош од државата во врска со овој проблем. Инаку, сегашниот премиер во предизборието ветуваше подобрување на работата на синдикатите и враќање на достоинството на работникот но и ова не се исполни во овој девет месеен период од владеењето.

Ознаки: 

Comments are closed.