Шкотска има проблеми поради „Брегзит“

Да потсетиме, Шкотска гласаше за останување  во ЕУ на референдумот во 2016 година.

Ограничувањето на миграцијата по напуштањето на Велика Британија од Европската унија ќе биде “катастрофално” за шкотската економија, објави владата за британската провинција.

Ретко населената Шкотска вели дека нејзините имигранти се потребни за да се развие економијата.Шкотска гласаше да остане  во ЕУ на референдумот за ЕУ во 2016 година, додека  погусто населената Англија гласаа спротивно  исто така  англиски гласачи беа под силно влијание на стравот од повеќе имигранти од другите земји-членки на ЕУ, рече Хина.

Британската премиерка Тереза Мај рече дека ќе го намали бројот на имигранти на десетици илјади од сегашните стотици илјади.Се предвидува дека во следните 25 години, работоспособното население на Шкотска би можело да порасне само за еден отсто, додека населението на пензионерите ќе порасне за 25 отсто. До 2040 година, според студијата на шкотската влада, падот на имигрантите би можел да го намали БДП за 4,5 проценти или скоро 5 милијарди фунти годишно.

Ознаки: 

Comments are closed.